Опис
ARMY 1 JOINT SUPPORT – Поддршка за здрави и силни зглобови
ARMY 1 JOINT SUPPORT е висококвалитетен додаток во исхраната, специјално формулиран за поддршка на здравјето на зглобовите, рскавицата и сврзното ткиво. Комбинацијата од глукозамин сулфат, хондроитин сулфат, MSM (метилсулфонилметан) и витамин C помага во одржување на нормалната функција на зглобовите, ја поддржува нивната подвижност и придонесува за намалување на непријатноста при физичка активност или секојдневно оптоварување.
MSM е природен извор на сулфур – минерал кој претставува важен градбен елемент за коските, зглобовите и сврзното ткиво. Тој може да помогне во намалување на воспалителните процеси, олеснување на непријатностите поврзани со артритис и намалување на болките во зглобовите.
Глукозамин сулфатот е една од најистражуваните состојки за поддршка на здравјето на зглобовите и често се користи кај лица со остеоартритис. Во комбинација со хондроитин сулфат, придонесува за зачувување на зглобната рскавица и може да помогне во забавување на нејзиното природно трошење.
Дополнително, витаминот C придонесува за нормално создавање на колаген, неопходен за правилна функција на коските, ‘рскавицата и сврзното ткиво, како и за заштита на клетките од оксидативен стрес.
Клучни придобивки:
- Поддржува здравје и подвижност на зглобовите.
- Помага во одржување и заштита на зглобната рскавица.
- Придонесува за намалување на непријатноста и воспалителните процеси.
- Поддржува нормално создавање на колаген благодарение на витаминот C.
- Идеален за спортисти, рекреативци и лица со зголемено оптоварување на зглобовите.
- Погоден за долгорочна поддршка на коскено-зглобниот систем.
Активни состојки (4 капсули):
- Глукозамин сулфат – 1200 mg (од кои глукозамин 720 mg)
- Хондроитин сулфат – 800 mg (од кои хондроитин 635 mg)
- MSM (Метилсулфонилметан) – 400 mg
- Витамин C – 16 mg (20% NRV)
Препорачана употреба:
Консумирајте 4 капсули дневно, по можност со оброк и доволна количина вода.





